Здравевски со богата програма за Чашка: Ветува нови работни места и економски развој, младите се во неговиот фокус
Зоран Здравевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Чашка. Со богата програма пред локалните избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври, Здравевски ја бара довербата од своите сограѓани. Веднаш постави јасни приоритети.
На сограѓаните им ветува макотрпна работа за да обезбеди квалитетен живот за сите, правна и економски успешна општина со добри меѓуетнички односи. Еднакви права и можности за сите граѓани е негова најголема цел.
Тој вети отворање на мали и средни претпријатија кои се двигател на економијата и креатори на реални нови работни места. За економски развој на Чашка, тој има низа проекти за инфраструктурата.
Младите се во неговиот фокус. Има за цел насочување на ресурсите на општината за подобрување на животот на младите. Во програмата најавува развој на органското земјоделско производство и развој на туризмот.
Сите овие цели, вели, ќе ги оствари со многу труд и домаќинско работење.
Здравевски е на терен меѓу своите сограѓани и лично од нив ги слуша проблемите и потребите.
Пред граѓаните од село Бањица вети проекти за подобра здравствена заштита.
-Секој граѓанин има право на здравствена заштита, неопходна за обезбедување на здрав и квалитетен живот. Наша главна определба ќе биде да придонесеме секој од Вас да добие квалитетна и навремена здравствена услуга. Граѓаните на с.Бањица добија ветување дека постоечкиот проект – “Рурален доктор” ќе ги опфати и нив, како и селата Еловец и Голозинци.
Исто така , планирано е отворање на пункт на Итна медицинска помош за што постојат просторни услови во постоечката амбуланта во населба Чашка. Со ова значително би се намалило времето на пристигнување на Итната медицинска помош, што во некои случаи чини живот, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Чашка, Зоран Здравевски.
Општина Чашка изобилува со природни ресурси и убавини посебно во областа Азот.
На средбата која тој ја оствари со жителите на селата Нежилово и Ореше беше потенцирана можноста тие природни богатства да се промовираат пред останатите граѓани од што бенефит би имале како локалното население така и општината во целост.
-Органската храна, чистиот воздух , преубавите планини се само дел од потенцијалот за развој на овој регион. Во програмата има трасирање и обележување на патека за планински велосипедизам : С.Богомила – с. Црешнево – с.Капиново – с.Нежилово – с.Горно Јаболчиште. Подготовка на рекламни спотови за развој на планински и манастирски туризам. Хортикултурно уредување на центарите на овие две населени места со поставување на партер елементи, клупи, канделабри и канти за отпадоци се со цел за поубав престој на мештаните и туристите, реконструкција на локални патишта – кон с. Нежилово во должина од 6 km, објавено е на неговиот Фејсбук профил.
Тој доби и целосна поддршка од членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Чашка. Со нив оствари средба и ги сослуша нивните барања. Затоа голем дел од неговата програма е наменета за подобар живот за младите во општината.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ги посети жителите на Горно Врановци и Лисиче. Средбата помина во многу позитивна атмосфера која ветува резултати.
-Беше разговарано за горливите проблеми на нашите сограѓани и беа понудени идејните решенија вклучени во програмата на нашиот кандидат за градоначалник: реконструкција на водоводот во с.Лисиче , изградба на мини пречистителна станица и поврзување со хидро-системот “Лисиче”. Реконструкција на регионалниот пат Населба Чашка – Лисиче , кој моментално се наоѓа во многу лоша состојба, а поврзува неколку населени места. Реконструкција на мостот на Врановска река –поставување на нова асфалтна подлога и реновирање на оградата.
– Партерно уредување на центарот на с.Лисиче. Развој на манастирскиот и планинскиот туризам преку трасирање и обележување на патека за планински велосипедизам с.Лисиче – хидросистем “Лисиче” – с.Горно Врановци. Во делот за млади и спорт , со програмата е предвидено изградба на спортско игралиште и поставување на шах табли, објави тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа