Тарчуловски: Со чиста мисла и љубов, сложно и обединето можеме да постигнеме се
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода, Јохан Тарчуловски вчера беше во посета на Драчево.
-Огромна чест и задоволство ми претставува што сум дел од оваа традиционална прослава на верскиот празник Вера, Надеж, Љубов која веќе 11-та година по ред ја организира УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Драчево.
Како што самиот празник вели треба да веруваме, да се надеваме и љубиме. Само со чиста мисла и љубов, сложно и обединето можеме да постигнеме се. Негувајте ги овие вредности и ценете и почитувајте ги вашите мајки, сопруги и секоја жена бидејќи тие се столбот на семејството. Уште еднаш им благодарам од срце на вредните и посветени жени од УЖ на општина Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, кои неуморно и посветено се вложуваат за подобро утре за Нова Ера на Кисела Вода, напиша тој вчера на својот Фејсбук профил.
01.10.2017 - 15:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа