Коце Трајановски: Водно, спортски рекреативен центар без автомобили
Парк шумата Водно е една од главните спортско-рекреативни центри и локации за жителите на Скопје, место каде можат да уживаат, спортуваат и да рекреираат.
Во насока на подобрување на условите за рекреирање на Водно, во новата изборна програма 2017-2021 предвидени со поголем број на проекти.
Деталите за овие проекти денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски како и кандидатите за членови на Советот на Град Скопје, Христијан Мицкоски и Ирена Мишева.
- Парк шумата Водно е една од главните спортско-рекреативни центри и локации за жителите на Скопје, но поради атрактивноста и големата посетеност, особено за време на викендите, со создава голем сообраќаен метеж на улицата која води кон паркингот на Средно Водно. За надминување на оваа состојба, зголемување на безбедноста на посетителите на Водно, а воедно и поголема заштита на Парк шумата Водно, во мојата изборна програма предвидовме проект „Водно без автомобили“, со кој ќе се воведе забрана на движење на приватните возила за време на викендите. За реализација на проектот ќе се обезбеди бесплатно паркирање на паркинг- просторот пред објектот на поранешниот НИП „Нова Македонија“ и во катната гаража „Македонска фаланга“, а ЈСП ќе обезбеди автобуска линија од паркингот и катната гаража до Средно Водно и назад – кажа Трајановски.
Трајановски потенцираше дека ова се само дел од проектите коишто се предвидени во новата изборна програма 2017-2021 за подобрување на условите за рекреирање на Водно, а како други позначајни ги издвои продолжувањето на уредување и обновувањето на патеките патеки на Водно, поставувањето на нова урбана опрема (во вид на клупи, маси, корпи за отпадоци, летниковци...), како и изградбата на велосипедска патека за екстремен спортски велосипедизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа