Ахмети: Таму каде што не можеме да победиме ќе го поддржиме СДСМ

 

Демократската унија за интеграција синоќа синоќа во Ресен ја промовираше листата на кандидати за претстојните локални избори.

Лидерот на партијата Али Ахмети вети дека ДУИ и натаму ќе работи за напредок на Ресен и на Преспа.

Ахмети очекува и на овие избори да се покаже дека ДУИ е најсилна партија во албанскиот блок Тој рече дека изминативе две години имаше политичка криза и дека сите критики беа насочени против ДУИ и дека тие беа обвинувани за сите лоши работи што се случуваа на Балканот и во Европа.

Ахмети додаде дека целта на сево ова била ДУИ да се тргне од политичката сцена, нешто што, според него не се оставари.

Повтори дека ДУИ ќе соработува со владиниот коалициски партнер СДСМ во неколку општини. СДСМ ќе ја поддржи ДУИ во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево. ДУИ,пак, ќе им даде поддршка на кандидатите на СДСМ во Скопје и Куманово.

- На овие избори ние имаме еден договор. Договорот го имаме со нашиот партнер во владата. Таму каде што немаме можност да победиме за градоначалник на општината го поддржуваме нашиот партнер, СДСМ, таму каде што тие немаат можност и шанса да победат за градоначалник како на пример во Тетово, Гостивар, Кичево, Чаир, тие не поддржуваат нас. Ние ќе ги поддржиме нив за Градот Скопје каде што ние не можеме да победиме, но имаме голем капацитет на гласови од 35 илјади. Во Куманово ние немаме можност да победиме и ќе го поддржиме кандидатот на СДСМ, рече Амети, додавајќи дека ова партнерство има и реципрочност „Помогни ми, ќе ти помогнам„.

 

 

 

02.10.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега