Богоев најави планска урбанизација на Злокуќани

 

 

Злокуќани е блиску до урбаното јадро, а е најзапуштена населба, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Карпош, на средбата со граѓаните од оваа урбана заедница.

Граѓаните се жалат на руинираните улици, тротоари и недостиг до осветлување.

Потребна е целосна урбанизација на Злокуќани, реконструкција на улицата „Скупи” и поставување на тротоари од двете страни со цел поголема безбедност на граѓаните.

- Тука е заборавен детскиот џагор, децата немаат простор за игра и трчање, посочи еден од присутните граѓани.

Покрај основните инфраструктурни зафати, во Злокуќани ќе биде изградено и детско игралиште со содржини за најмладите, нов простор кој ќе овозможи рекреација на децата, вети Богоев.

Исто така со уредувањето на левата страна од Кејот на реката Вардар ќе се овозможи дополнителен простор за спортски активности на граѓаните.

- Предвидуваме и нови зелени површини, како и решавање на проблемот со сепарацијата која го задушува Карпош, а е причинител и за загадениот воздух во цело Скопје, додаде Богоев

 

 

 

02.10.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега