Гоговски: Теарце заслужува подобар и просперитетен живот

 

Заедно со тимот ќе се залагам за зголемување на економскиот раст и вработеноста посебно со отварање на нови работни места во земјоделството како рурална општина, пораст на животниот стандард на граѓаните, заштита на животната средина, а со тоа и подобар и поквалитетен живот на општината Теарце која што ќе стане добро место за живеење и атрактивна и привлечна дестинација како и одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебната толеранција и почитување, подеднаков третман на сите граѓани бидејќи со векови сме мултиетничка и мултикултурна општина, изјави кандидатот за градоначаник на општина Теарце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Војо Гоговски.

-Остварувањето на овие заложби ќе биде со посветена работа од мене и сите членови на мојот тим. За таа цел, ќе реализираме повеќе проекти: Обезбедување на локации за отварање на откупни центри за земјоделски производи. Обезбедување на локации за отварање на погони за откуп, преработка и промет на други шумски производи. Обезбедување на локации за отварање на погони за флаширање на вода за пиење. Изградба на Основно училиште за паралелките од македонски наставен јазик во село Непроштено. Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во село Доброште. Субвенции за набавка на печки за пелети. Субвенционирање на домаќинствата, односно надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата. Реконструкција на водоводот со чиста вода за пиење во село Лешок. Целосна реконструкција на видоводната мрежа на водоводор на село Лешок бидејки системот е во многу лоша состојба и има големи загуби на вода. Изградба на нов резервоар за чиста вода за пиење во село Непроштено. Изготвување на урбанистички планови за сите населени места во општина Теарце. Улично осветлување на населените места во општината. Земјоделство и добра земјоделска пракса. Инфраструктура за развој на земјоделството. Рехабилитација на системот за наводнување. Развој на Рурален туризам и Планински туризам. Реконструкција на црквата Свети Никола во село Одри. Конзервација на црквата Свети Архангел Михаил во село Непроштено. Изработка на тротоари на пристапниот пат во село Лешок. Изработка на тротоари на пристапниот пат во село Непроштено, истакна Гоговски.

 

Тој додава и дека доброто на граѓаните, решавањето на нивните проблеми и потреби е наш приоритет. Нашиот слоган е секогаш работа, секогаш Македонија, граѓаните знаат кој работи за нив и создавањето на подобра иднина за нивните деца. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и реализира.

 

 

 

02.10.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега