Стефаноска: Во Охрид ќе се реконструираат градинките и средните училишта
Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, истакна Д-р Снежана Стефаноска, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за проектот: Реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта.
-Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот (фасада, столарија, олуци) ОУ „Бртаство Единство“ (Крст-Џамија и Лескајца), реконструкција на покрив во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, реконструкција на санитарни јазли и фасада во ОУ „Живко Чинго“-Велгошти, покрив и санитарии во ОУ „Кочо Рацин“, санација на санитарни јазли во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“, Реконструран централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и отворени градинки во Пештани, Лескоец, Велгошти, Црногорци, потенцираше Стефаноска.
Таа вели, Образование. Образование. Образование! Токму затоа, ние на огромно задоволство ќе го спроведеме проектот за: Реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта.
-Проектот има за цел да ги подобри просторните услови во училиштата и градинките со што ќе се придонесе за обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Истото резултира со правилен психо-физички разввој на учениците и соодветно едукативно профилирање низ едукативниот процес. Реконструкција на дограма, поткровје и опремување со мебел и реквизити на новиот дел од Гимназијата, Реконструкција на училишната зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“, Реконструкција на училиштето во Долно Коњско, Реконструкција на училиштето во Елшани (покрив, фасада и столарија), Реконструкција на санитарии на ОУ „Братство Единство“, Реконструкција на градинките: Росица, Развигорче и Лихнида. Ние заедно со граѓаните преку заедничките идеи воведуваме нови стандарди во воспитно-образовниот процес со цел овозможување модерен и современ образовен систем. Само образовано население во здрави услови може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното дигитализирано општество, рече Стефаноска.
Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е на страна на граѓаните.
-Секогаш охриѓани, Секогаш работа, Секогаш Охрид! ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш политиките што ги води и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на охриѓани. Препознавајќи ја работата охриѓани на 15 октомври ќе ја дадат поддршката за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како и за Д-р Митко Тилевски за иден градоначалник на Охрид за победа уште во првиот круг, истакна Стефановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа