Георгиевски: Ќе обезбедиме услови за чист воздух и чиста и здрава вода за пиење

 

 Гази Баба во изминатите години стана една од најзагадените општини на територија на градот Скопје. Новата локална власт во општината ќе обезбеди услови за чист воздух и чиста и здрава вода за пиење затоа што тие се клучни за здравје и живот. За нас ништо не е поважно од здравјето на секој граѓанин, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата Борис Георгиевски.

Тој нагласи дека ги слушаат барањата на граѓаните за кои здравата животна средина е најприоритетниот проблем и со неговиот тим ќе создаде вистински решенија кои ги решаваат проблемите и обезбедуваат квалитетен живот.

- Имаме план за ефикасно функционирање на комуналните претпријатија по помали трошоци за граѓаните. Ќе обезбедиме создавање дополнителни зелени површини на територија на општината. Во реонот на Раштак, Страчинци, Виниче и околината ќе изградиме систем за чиста и квалитетна вода за пиење затоа што тоа е неопходно за граѓаните, рече Георгиевски. 

Тој вети и постојано и навремено чистење на каналите и депониите во населените места, а го идвои и проектот гасификација за секој граѓанин, кој нагласи, е клучната мерка која покрај ниските трошоци за граѓаните ќе биде директен фактор за здрава животна средина. 

 

 

 

02.10.2017 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега