Сајковски: Нови странски инвестиции во Кичево кои носат подобар стандард за жителите
Кандидатот за градоначалник за општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Сајкоски од денешниот митинг во тој град истакна многу добро ги знае проблемите кои ги мачат кичевчани.
Тука ми е домот, семејството, најсветите работи за кои вреди да се бориш и жртвуваш, порача Сајкоски.
Потенцира дека се обврзува оти ќе се гриже и ќе има предвид интересите и потребите на сите жители подеднакво без разлика на нивната партиска или етничка припадност.
-Со изградбата на автопатот Кичево – Охрид значително се зголеми фрекфенцијата на домашни и странски туристи, но колку ќе го привлечеме нивното внимание да скршнат од патот, да дојдат во нашата општина, тоа зависи од нас. Зависи од тоа колку имаме знаење и желба да ги истакнеме природните и културните знаменитости во Кичево кои навистина ги имаме во изобилство, нагласи Сајкоски додавајќи дека сето ова ќе придонесе до развој на локалната економија.
Вели дека со подобрена инфраструктура, со лесна и ефикасна достапност на услугите Кичево ќе ја направат атрактивна општина и за странските инвеститори.
-Странските инвестиции значат градење на нови фабрики по најсовремени стандарди. Значат нови работни места, значат подобри приходи во семејните буџети и подобар стандард за живеење, истакна Сајкоски.
Потенцира дека негов прв приоритет ќе биде брзо екипирање на општинската администрација која ќе работи во интерес на граѓаните и бизнис заедницата.
-Таа ќе вклучува млади, стручни, пред се амбициозни кадри. Силна екипа која ќе може да одговори на сите претстојни предизвици. Администрацијата посебно ќе биде фокусирана на поддршка на сите економски проекти иницирани, како на државно, така на меѓународно ниво. Следниот чекор кој би го презел би бил и реорганизација на јавните претпријатија соодветно на потребите на огромната општина, посочи Сајкоски.
Подвлече дека во фокусот на неговиот мандат ќе биде стопирање на иселувањето на младиот стручен кадар, како и повраток на иселениците.
-Оваа поддршка би се одвивала во повеќе правци и тоа во правец на поддршка на млади изградени кадри со високо образование кои можат да творат во Кичево, а имаат недостиг почетни обртни средства и простор. Друга таргет група би биле иселеници кои заминале во странство подолго време, а кои се стекнале со знаење и вештини кои овде ги нема или се недоволно развиени, рече Сајкоски.
Додаде дека Кичево ќе ги поддржи сите инциијативи кои носат подобра економска клима во таа општина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа