Коневски: Аеродром ќе добие гимназија доколку ја добиеме довербата
Во општина Аеродром ќе биде изградена првата гимназија доколку на овие избори повторно ја добијам вашата доверба, изјави кандидатот за градоначалник на општина Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Ивица Коневски на денешната средба со жителите на населбата Јане Сандански.
– Општина Аеродром во изминатиот период интензивно се развива и го зголемува бројот на своето население, а посебно на младата популација. Од таму се појави потреба за зголемување на капацитетите на средните училишта во овој дел од градот преку изградба на ново училиште. Со тоа ќе се подобри достапноста на учениците до училиштата и ќе се зголеми квалитетот на воспитно-образовниот процес, рече Коневски.
Најави дека е предвидена и изградба на нов парк на крстосницата меѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“.
– Со изградбата на овој парк не само што аеродромци ќе добијат уште едно пријатно зелено катче, туку и на долгорочен план ќе се дејствува врз намалување на загадувањето на воздухот, посочи Коневски и вети реконструкција на оштетените фасади, плочниците и пешачките патеки меѓу зградите во наслебата Јане Сандански, како и изградба на парк за миленици и поставување метални конструкции за вежбање во парковите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа