Марковска: Наташа Петровска секојдневно продолжува да бега од одговор на поставените прашања

 

Кандидатката на Заев за Битола секојдневно продолжува да бега од одговор на поставените прашања, истакна на денешната прес-конференција Наташа Марковска – кандидат за советник во Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали професорката има некаква општа финансика претстава, не мора детална пресметка, за тоа колку, барем приближно, би чинеле проектите кои ги предлага? Дали воопшто ги знае надлежностите на локалната самоуправа ? Дали и’ е познат начинот на остварување приход и финансирање на општините ? Дали при формулацијата на проектите – вака општи, описни и паушални како што ни ги соопштува, прочитала барем еден закон поврзан со делокругот на некој проект?, прашува Марковска.

Таа обраќајќи и се на професорката која е кандидат од СДСМ, вели дека  денешните прашања не се за мигрантите кои со Заев планираат да ги доселуваат, ниту пак за историјата која сакате да ни ја преправате. Темата е локална, соодветна за изборите и во неа има и математика. Професорке, повелете одговорете.

 

 
 
 

 

 

03.10.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега