Чадиев: Нови населби за семејно домување во Општина Велес
На Велес му се потребни проекти кои ќе овозможат раст и развој на градот. Проекти со кои ќе го прошириме опфатот на урбаното живеење. Затоа во новата програма „Нова ера за Велес“ го предвидовме проектот „Населба за семејно домување во Трпезица“, истакна денес актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.
-Деталниот урбанистички план за ова место, со плански опфат од скоро 42 хектари е веќе донесен. На оваа локација предвидени се 361 парцела за изградба на индивидуални живеалишта, 2 парцели за детски градинки и една за трговски центар. За создавање на неопходни услови за домување ќе се инвестираат вкупно 55 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес.Овој проект ќе биде најголемиот урбанистички проект за семјено домување донесен во општина Велес во последните 15 години и во голема мера ќе влијае на понатамошниот развој на градот Велес, вели Чадиев.
Тој истакнува дека во исто време Општина Велес е во фаза на донесување на нов Генерален урбанистички план. Со него ќе создадеме услови за проширување на Велес во области каде сега нема урбанизација.
-Предвидуваме изработка на детален урбанистички план за населба Гровот кој што ќе се протега од постојните граници на градот до подножјето на ридот Гровот. На овој дел има одлични можности за развој на градот и затоа во Програмата го предвидовме и проектот Населба за домување Гровот.Ќе овозможиме на сопствениците на земјиште од тој регион да инвестиираат во изградба на објекти за семјно домување и деловни објекти. Развојот на овој дел од градот е во линија со планираната обиколница за град Велес со што дополнително ќе се придонесе за зголемување на атрактивноста на овој простор, нагласува Чадиев.
Тој додава дека имаат јасна визија за идниот развој на Општина Велес. Нашата програма содржи конкретни проекти од кои корист ќе имаат сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа