Илиоски: Градоначалникот не треба да биде власт туку управител на општината во име на граѓаните
Градоначалникот не треба да биде власт туку управител со домакинството на општината во име на граѓаните. Тука е најважна довербата , а доверба се стекнува со транспарентност, вели кандидатот за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски
-Ние сме во постојан контакт со Битолчани, само што за време на кампања тоа го правиме поинтензивно, со намера да тропнеме на секоја врата во секој дом да ги чуеме предлозите, идеите, проблемите и да бараме заеднички решенија. Дали од врата на врата врата, дали на кафе, дали на средби со пет, десет, сто или илјада граѓани во нивните маала, целта е една и иста – блискост со граѓаните, вели Илкиоски.
Тој додава дека иста ќе биде и вечерва овде на Магнолија каде традиционално сите ќе се собереме на едно место на еден голем заеднички народен собир.
-Голем митинг на кој ќе ги презентираме плановите, ќе размениме енергија и заеднички ќе се мотивираме. Се гледаме вчерва масовно на Магнолија. Битола е на сите, потенцираше Илиоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа