Бочварски и Тевдовски на средба со бизнисмени од малите и средни компании во Штип

 

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Штип, Благој Бочварски и членот на Извршниот одбор на СДСМ и министер за финансии Драган Тевдовски доцна попладнево остварија средба со претставници на малите и средните претпријатија во Штип.

Според Тевдовски, многу е важно да се слушнат барањата на малите и на средните претпријатија, кои, како што рече, се важни за економскиот развој на државата.

- Тие долго време беа заборавени од државниот буџет. Ние тоа веќе го променивме и со Ребалност на буџетот за првпат има сериозна сума пари којашто е буџетирана за да им се даде поддршка на малите и средните претпријатија. Во овој период веќе се чувствува деловната бизнис заедница ослободена и не постојат политички притисоци, стеги и намерни казни. Исто така многу е важно дека повратот на ДДВ кон фирмите оди неселективно и е забрзан така што за периодот од јуни, јули и август исплатени се скоро две милјарди денари како поврат на ДДВ кон фирмите. Тоа значи и поголема ликвидност кај нив за да ги извршуваат своите тековни обврски, изјави Тевдовски.

Кандидатот за градоначалник Бочварски вети дека идната локална власт ќе дава подобри можности и услови за работа на бизнис заедницата во Штип. 

- Во овој момент можам да кажам дека ќе изработиме планско урбанистичка документација за мали и средни претпријатија во нашите индустриски зони „Запад“, потоа на патот кон Радовиш и индустриската зона „Север“, истакна Бочварски, додавајќи дека ќе се нудат поволности за инвестирање со цел да се отвораат нови работни места и да се задржат младите во државата. 

 

 

 

05.10.2017 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега