Груевски: Во новата ера ќе има два ипол пати повеќе пари за трошење отколку сега за сите

 

Новата ера почнува. Нова ера, ново утро, нова визија за Македонија. Нова визија и нова стратегија со која во наредната декада ќе бидат отворени 150 илјади нови работни места, невработеноста ќе се сведе под 10 проценти. Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, партија и Коалиција која покажа дека знае да отвори не 150, туку 173 илјади нови работни места и знае да ја намали невработеноста од речиси 40 на 22,5 проценти.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во општина Кисела Вода.

 

-Такви луѓе, таква партија, таков економски тим, дополнително и зајакнат и освежен, ќе знае и да го зголеми приходот за два ипол пати по глава на жител, а тоа ќе значи два ипол пати повеќе пари за трошење отколку сега за сите. Тоа е новата ера, тоа е она што е стратегија, план и визија за наредната декада. Новата ера ќе значи и најниски даноци на Македонија во светот, ќе значи и многу поголема поддршка за иновативните идеи и за сите кои имаат претприемнички дух, ќе се помогне да се зајакне квалитетот на образованието.

Новата ера, додаде Груевски ќе значи и многу повеќе волжувања во екологијата, животната средина, но ќе значи и многу нови капацитети во енергетиката, што Македонија од нето увозник ќе ја претворат во нето извозник на електрична енергија.

-Тоа е новата ера, тоа е новата декада во Македонија и уште многу други проекти кои ги има напишано во овој документ, кој со многу луѓе макотрпно се работеше многу месеци. Имаме кредибилитет да го кажеме ова и да ветуваме, како што и Коце Трајанови и Јохан Тарчуловски имаат таков кредибилитет. Тие кажаа конкретни проекти кои ќе се завршат, а гаранција дека тоа ќе се исполни е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната на Македонија, ваша е одлуката, од вас зависи иднината на Македонија, ставете крај на помрачувањето и да одиме напред.

 

 

 

 

05.10.2017 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега