Заев: Југохром повторно ќе работи со цел капацитет и по еколошки стандарди
Во вторник, на 10-ти октомври, во Владата на Република Македонија ќе се потпише договор помеѓу Владата, сопственикот и Синдикатот на вработените за изградба на филтрите во Југохром, на задоволство на сите, на задоволство на вработените, на задоволство на еколошките друштва, на задоволство на газдата, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев при денешната посета на Јегуновце.
Истакна дека почнале со изградба на филтрите и најави дека сите работници ќе се вратат на работа, во март или април кога ќе стартува комплетно Југохром.
- Сакам вечерва овде да испорачам ветувања, како моја поддршка и поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот, за идните проекти во општина Јегуновце. Ќе работиме со новата локална власт во Јегуновце, да го обновиме секој дел на регионални патишта, и тоа од Јегуновце до Желино, 17 километри, од Лешок до Шемшово, пет километри, и од Пршовце до Јегуновце, пет километри. Ќе изградиме и локални патишта на релација Туденце – Сиричино и од мотел „Вратница“ до Беловчиште, рече Заев.
Посочи дека денеска патриоти се тие што ќе обезбедат достоинствен живот на своите граѓани дома, тука, како што рече, во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа