Здравевски: Граѓаните на општина Чашка заслужуваат да живеат во модерна и убава општина
Граѓаните на општина Чашка заслужуваат да живеат во модерна и убава општина така што ќе бидат задоволени со решавање на нивните проблеми, вели Зоран Здравевски кандидат за градоначалник на Чашка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Имаме јасни визии за подобрување на местото во кое живееме. Цврсто сум убеден дека општина Чашка може да биде домот што сите си го посакуваме за себе. Јас заедно со мојот тим ќе се залагаме за подобро образование, урбанизација на општината. И верувам дека Чашка нема да биде само географски центар на Република Македонија туку и дестинација за одмор, рекреација, подобар живот и егзистенција за населението во неа.
Тој додава и дека ќе се направи доизградба на фекална канализација во Населба Чашка, Богомила и Извор.
-Реконструкција на водоводот во с. Лисиче, изградба на мини пречистителна станица и поврзување од ХС Лисиче. Изградба на фекална канализација во населено место с. Оморани. Реконструкција на локален пат за с. Горно Врановци. Реконструкција на водоводот во с. Мартолци и с. Владиловци. Слободни бесплатни интернет зони во н. Чашка, Извор, Богомила, Г.Јаболчиште, Д.Јаболчиште и Мелница. Градба за фекална фекална канализација со прочистелна станица с.Г.Јаболчиште и с.Д.Јаболчиште. Изградба на локални улици во населените места: Ореше, Богомила, Нежилово, Согле, Теово, Оморани, Мартолци, Извор, н.Чашка, Мелница, Лисиче, како и Јаболчиште. Донесување на урбанистички план за н.Чашка и уште две други населени места. Изградба нов бунар во н. Врановски Анови и Стариград. Проектите во нашата програма се инспирирани и создадени од вашите досегашни проблеми, барања и затоа заедно можеме да ја почнеме новата ера во Општина Чашка, потенцираше Здравевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа