Станков: Нови проекти за селата Видовиште и Мородвис
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Зрновци Блаже Станков денеска најави нови проекти за селата Видовиште и Мородвис.
– Во Видовиште е планирано асфалтирање на неколку улици во населбата, како и изградба на локален полски пат од местото викано Гумења до местото викано Друмот во должина од 800 метри.Изградба на бунар за вода преку дупчење на една бушотина и целосна реконструкција на постојниот Дом на културата. Ке се изградат и два моста за моторни возила на Видовишка река, рече Станков.
Тој истакна дека ќе ја поддржат секоја иницијатива за развој на селскиот и руралниот туризам во овие две населени места кои, како што рече, изобилуваат со природни реткости, археолошки локалитети, како и цркви и манастири.
– Во Мородвис ќе изградиме пат до археолошкиот локалитет Манастириште, кој заедно со постојниот локалитет Моробиздон преставуваат една целина која го отсликува времето на Мородвишката епископија од 11 век. Ќе извршиме промена на покривната конструкција на Домот на културата во Мородвис и целосна модернизација на уличното осветлување, истакна Станков.
Тој ја нагласи потребата од пробивање, тампонирање, планирање и валирање на два централни полски пата во двете населени места во општина Зрновци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа