Мисајловски: Максимално ќе се посветам да направам повеќе за местото и граѓаните со кои живеам

 

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски гостуваше во Алфа телевизија, каде требаше да ги соочи фактите со неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Наумовски, но тој избега од дебата.

Новинарот потенцира дека оние кои го познаваат Мисајловски го опишуваат како тивок, мирен човек и работлив кој оди на терен, не се вмешува во партиски препукувања. Го праша дали според него ова е предност или хендикеп во изборната кампања.

 

-Има луѓе кои многу зборат, а малку работат. Јас сум поинаков политичар бидејќи за оние области кои јас ги покривам, треба многу работа. Особено додека бев министер за транспорт и врски, тоа е како еден градоначалник на цела Македонија пред се бидејќи исто се бавите со инфраструктура, се бавите со изградба на патишта, водоводи, канализации, помагате на општините, целосна урбанизација бидејќи поминува низ Министерство за транспорт. Додека бев директор во ЈП за Државни патишта имав можност да видам цела инфраструктура во Македонија како се гради, да помагам. Тоа е големо искуство и мене многу ќе ми помогне понатаму во кариерата како градоначалник бидејќи истата проблематика е, но сепак овојпат е поспецифична тематика, во местото во кое што живееш. Малку е поемотивно бидејќи сакаш да направиш повеќе за граѓаните директно бидејќи кога сте министер или директор мора да правите за цела Македонија, рече Мисајловски.

Тој потенцира дека сега ќе ја има честа да работи за неговите пријатели и сограѓани и дека тоа му претставува големо задоволство. На функцијата рече дека ќе се посвети максимално.

 

 

 

 

06.10.2017 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега