Мисајловски: Иако не го ветивме, се прави патот во Македонски брод
Додека бев министер за транспорт и врски, граѓаните на Македонски Брод побараа да биде направен патот. Јас тоа го немав ветено, но патот почна да се прави, истакна Владо Мисајловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров.
-Многу луѓе ми велеа „не ги започнувај некои проекти бидејќи не можете да ги завршите“. Не само што ги започнав, туку многу нови кои што не беа ветени ги правевме. Пред некој ден баш ми пратија слика, се прави патот во Македонски Брод, ми се наполни срцето, бидејќи таму кога бевме го побараа граѓаните, во ниедна програма не беше влезен и видов дека се асфалтира, ги поздравувам сите граѓани кои што ќе го користат патот, бидејќи се она што го правевме во министерството, во целата Влада, може да го видите, се гледа со око. Тоа што сте го сработеле со мерак го гледате се гордеете, изјави Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа