Павловска:Поддршка на културните манифестации и отворање младински културен центар
Носителката на кандидатска листа за советници во Крива Паланка од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, Изабела Павловска,на денешната прес конференција најави промоција, поддршка и развој на културните вредности во општината.
- Сите досегашни манифестации ќе ги продолжиме и ќе ги надополниме со уште поинтересни содржини за граѓаните. Ќе формираме и младински културен центар каде младите ќе имаат можност да учат но и да творат, збогатувајки го на тој начин нашето културно наследство. Ќе ги промовираме нашата историја и нашите обичаи, за Крива Паланка да биде препознаена и како туристичка дестинација но и за да се потсетуваме кои сме и од каде потекнуваме, рече Павловска.
Порача да се зачуваат културата и културните вредности и да са негуваат, затоа што од тоа,како што рече, ќе зависи какво наследство ќе оставиме на идните генерации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа