Николовски: Зелена нафта за земјоделците од наредната година
Зелена поевтина нафта за земјоделската механизација која ќе можат да ја користат земјоделците од наредната година, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски синоќа од беровското село Смојмирово на промоцијата на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Берово, Звонко Пекевски.
- Напарвени се законски измени во консултација и со стручни лица и со земјделски здруженија за да се креира законот за зелена нафта. Вклучени се сите чинители и по изборите ќе влезе во владина процедура и вистинските земејоделци ќе користат поевтина зелена нафта за механизацијата, истана Николовски.
Тој истакна дека почна да се реализира ветувањето за зголемување на процентот исплатен за земјоделците.
- Ќе ги зголемиме субвенциите за 20 отсто по хектар до крајот на мандатот, а веќе направивме измени за 10 отсто зголемување. И за оваа 2017 година ќе има 10 отсто поголеми субвенции за фуражни култури, за овоштарство, лозарство и тоа е потврда дека во 2018 година ќе исплатиме поголем зејоделски буџет и ќе исплатиме повеќе пари на вистинските земјодлеци, истакна Николовски.
Николовски потенцираше дека за помалку од три месеци се исплатени над 70 милион евра за субвенции, без да се прават списоци ниту селекции на земјоделците.
- Во еден ден исплативме 25 милиони евра за тутунарите, не по список, туку на сите, девет милиони евра на сите лозари, два милиони евра на 2.300 пчелари. На еден ден ги исплаќавме парите без списоци во разно разни комитети и без да ги делиме земјодлеците. Делењето на земјодлеците е минато и за нас има само вистински земјоделци и сточари. Над 60 илјади земјоделци за три месеци ги добија своите пари, остануваат уште 3 отсто за исплата и штом завршат контролите наредните денови ќе бида исплатени, рече Николовски.
Тој порача дека ќе има ревизии на доделените концесии и борбата за враќање на одговорноста, правдата, започнува во Министертсвото за земјоделство, за да се вратат парите назад кон вистинските змејоделци
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа