Коневски: Ќе го реконструираме булеварот „Февруарски поход“
Во рамки на промоција на проектите предвидени во изборната програма за претстојните локални избори, денеска сакам да ја најавам реконструкцијата на булеварот „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче, вели Ивица Коневски кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром.
-Станува збор за целосна реконструкција на коловозот, со отстранување на постојниот и поставување на нов асфалт, на потегот од булевар „Видое Смилевски Бато“ до булевар „АСНОМ“ со вкупна должина од 800 метри. Проектот ќе се реализира во соработка со Град Скопје. Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да го дадат својот глас за мене и за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овој, туку и други проекти предвидени во изборната програма, потенцираше Коневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа