Марин: Нова градинка и пазар во Мичурин
Мичурин ќе добие нова детска градинка, со што ќе се зголемат капацитетите и децата ќе добијат подобра грижа, вети денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ Златко Марин.
Тој пред жителите на урбаните заедници Мичурин и Острово рече дека во неговата програма има предвидено низа сообраќајни решенија, за поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.
-Во соработка со Град Скопје ќе отвориме нови коридори за излез од општината, за да се намали теретот на булеварите „Јане Сандански“ и „Трета Македонска Бригада“, истакна Марин.
Најави дека ќе се постави и соодветна сообраќајна сигнализација околу училиштата „Блаже Конески“ и „Браќа Миладиновци“, а и дека предвидена е и обележана пешачка зона од ТЦ „Скопјанка“ до училиштето „Браќа Миладиновци“.
Марин вети дека ќе отвори нов пазар и дека ќе го врати во функција подземниот премин меѓу двете урбани заедници, под булеварот „Јане Сандански“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа