Шаклевски: Кога еден министер за надворешни работи доаѓа на сред Битола за да зборува за РЕК, некому мора многу да му жежи под нозете

 

Кога еден министер за надворешни работи доаѓа на сред Битола за да зборува за РЕК и за некакви јапонски филтри , некому мора многу да му жежи под нозете, вели Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очекувавме Никола Димитров да се сретне со Борците од НОБ и да им објасни дека тие не се бореле против бугарскиот фашистички окупатор , туку всушност учествувале во идеолошка борба помеѓу две политички спротиставени фракции на еден ист народ. Никола Димитров требаше да се сретне со наставниците и професорите по историја и да им образложи со кое право и со каква „стручност“ тој и Заев договорија бришење, додавање и преправање на историските факти за многу чувствителни периоди на македонската историја, без да го прашаат народот, потенцираше Шаклевски.

 

Тој додава дека Никола Димитров требаше да се сретне и со здруженијата на децата бегалци протерани од Егејска Македонија  и да им објасни како тоа во иднина ќе се преправаме дека нивниот егзодус и животна трагедија всушност не се ни случиле.

-Битола е космополитски град и има богата, и стара и понова традиција на почитување и соработка со сите и со Грција и со Бугарија и со Албанија, и Никола Димитров може да учи дипломатија од секој просечен Битолчанец. Битолчаните имаат достоинство и самопочит со која нема да дозволат да си поигруваат ни Заев ни Димитров со некакви измислени , истант политички дилетантски импровизации за решавање на долгорочни и чувствителни политички проблеми во регионот – затоа ќе бидат казнети на 15 октомври, истакна Шаклевски.

 

 

 

 

07.10.2017 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега