Андоновски: Направивме многу за Кратово, имаме уште многу проекти за подобар живот на кратовчани

 

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, пред кратовчани се обрати градоначалникот и кандидат за иден градоначалник на општината Мите Андоновски. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и колацијата што и да ветат исполнуваат.

-Ова е коалиција која работи, која гради, која постојано создава, ова е коалиција која се грижи за националните интереси на Република Македонија. Секаде во Македонија во изминатиот период се градеше во сите области на опшстественото живеење, така беше и во Кратово. Се изградија многу објекти, од која директна корист имаа граѓаните на Кратово, колку и тоа некој да сака да го негира, овие објекти постојат, овие проекти се реализирани и од нив директна корист имаат граѓаните на Општина Кратово, изјави Андоновски.

 

Тој кажа дека во Кратово е направен нов пазар, направени се тротоари, уреден е паркинг просторот пред мостот на Кратовска река, реновинарана е кино салата, која била скоро урнисана. Тој кажа дека се реализирани сите кули, кои се привлечни за туристите, како домашни така и странски.

-Го реновиравме целосно општинското основно училиште Кочо Рацин и средното општинско училиште Митко Пенчуглиски. Така што обезбедивме подобри услови за школување на нашите ученици, изјави Андоновски.

Тој кажа дека се реновирани и уште многу училишта низ општината, проект што ќе продолжи и во иднина. Тој ги спомена и големите инвестиции во спортот. Проекти кои ги спомена Андоновски се во инфраструктурата, изградба на улици и патишта.

-Ќе работиме во иднина и на решавање на проблемот со собирањето на отпадот, се планира да се затвори старата депонија во селото Железница, да се изгради нова регионална депонија во околината на Свети Николе, каде што целиот отпад од североисточниот регион ќе се носи таму, изјави Андоновски.

Тој спомена уште многу други проекти кои ќе донесат поубав живот за кратовчани. Тој кажа дека на 15-ти октомври граѓаните треба да ја поддржат коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

07.10.2017 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега