Васовска: Стефан Богоев ги лаже карпошани, исто како што ги излажа младите пред парламентарните избори минатата година

 

Стефан  Богоев ги лаже карпошани, исто како што ги излажа младите  пред  парламентарните избори минатата година, вели Ангелина Васовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Богоев на младите им ветуваше се и сешто. Голем број на поволности и подобрување на условите за живот,  СДС 4 месеци се на власт, а ни трага ни глас од најавите на Богоев, сите негови ветувања се испоставија како една голема предизборна лага. Богоев лажеше пред парламентарните избори минатата години, Богоев лаже сега, во очи на локалните избори. Богоев ветуваше дека сите млади до 29 години ќе добијат бесплатен меѓуградски превоз, 4 месеци откако  СДС е на власт, а ни трага ни глас од бесплатниот јавен превоз за младите, истакна Васовска.

 

Таа додаде дека младите гледаат дека се жртва на манипулација. Младите  гледаат дека Богоев ветувал работи кои немал намера подоцна да ги реализира, само и само за да ги добие нивните гласови.

-Богоев  си го покажа своето вистинсско лице, уште кога во првиот месец од владеењето на СДС гласаше за кратење на буџетските средства од буџетот наменет за образование,  и скрати цели 1.5 милијарди денари за образование, пари наменети за младите и нивниот раст и развој. Богоев нема никаква одговорност кон младите, Богоев ги излажа младите и повторно ги лаже и младите и карпошани. Карпошани нема да бидат жртва на манипулација на Богоев. Карпошани не му веруваат на Богоев. Карпошани ќе му кажат не на Стефан Богоев и неговите лаги на претстојните локални избори на 15 октомври, потенцираше Васовска.

 

 

 

 

08.10.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега