ВМРО-ДПМНЕ: Златко Марин ветува работи кои знае дека нема да ги реализира
Златко Марин ветува работи кои знае дека нема да ги реализира. Прочистителната станица ветена од Марин е во надлежност на владата и само таа може да изврши изградба, а не општината, како што истиот ветува, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Златко Марин.
-Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин денеска уште еднаш покажа елементарно непознавање и неупатеност во работењето и надлежностите на локалната самоуправа. Тој, на денешната прес-конференција, продолжи во досега познатиот негов стил да им ветува на аеродромци сѐ и сешто, притоа покажувајќи дека не ги познава надлежностите на Општината и ингеренциите на локалната власт. Денеска, Марин вети изградба на пречистителна станица на Вардар, а веројатно не е свесен колку чини и во чија надлежност е една таква станица. И покрај недостигот на идеи и елементарни познавања на работата на локалната самоуправа, Марин секојдневно се обидува да ги манипулира своите сограѓани, во обид да собере некој поен плус во пресрет на локалните избори, потенцираат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа