Клопчевски: Ќе бидам градоначалник на сите, како што со децении се грижам за вашето здравје
Дебар ќе добие индустриска развојна зона со цел создавање силна локална економија, што ќе значи многу нови работни места. На тој начин ќе ја запреме миграцијата и ќе созадеме услови младите да ја обезбедуваат сопствената егзистенција, тука во родното место.
Ова меѓу другото го порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебар, примариус доктор Драган Клопчевски, на неколкуте средби со жители на градот и селски населени места, пред кои ја презентираше изборната програма.
Тој пред жителите на селата Могорче и Џепиште, пак, вети повеќе инфраструктурни проекти, реконструкција и изградба на нови водоводи, со цел непречено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, отворање градинки, подобрување на условите во училиштата.
– Ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите независно од нивната етничка, верска или партиска припадност, онака како што три децении се грижам за вашето здравје, без да прашам кој е, што е и од каде е порача Клопчевски барајќи го гласот од граѓаните.
На средбите беше претставен и носителот на кандидатската листа за советници, Афет Авмедоски, како и повеќето кандидати од истата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа