Груевски со нов проект од Струмица: Бесплатен здрав оброк за учениците од прво до петто одделение во сите училишта низ државата

 

Ќе овозможиме бесплатен здрав оброк за ученици од прво до петто одделение во сите општини каде ќе победи градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и мнозинство во советот ќе има ВМРО-ДПМНЕ. Со овој проект ќе обезбедиме бесплатен здрав оброк во училиштата. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, објави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот кој Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва го одржува во Струмица.

-Менито ќе биде подготвено во соработка со нутриционисти и прилагодено на возраста на децата. Се избегнува користење на т.к.н. брза храна. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми. Во училиштата во кои е предвидена целодневна настава родителите ќе имаат значајно пониски трошоци во однос на сегашните, само ќе доплаќаат за вториот оброк во текот на денот, додека првиот оброк ќе биде бесплатен, вели Груевски.

Тој додаде дека согласно финансиските можности на општините во текот на четири годишниот мандат ќе работат на тоа овој проект да се прошири и на повисоките одделенија.
 

 

 

08.10.2017 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега