Последна недела од изборната кампања: СДСМ во Арачиново и Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и Гевгелија
Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Илинден и Петровец, а митинзи во Арачиново и Гази Баба.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Дојран и Богданци и митинзи во Валандово и Гевгелија.
Демократската унија за интеграција најавува средба со граѓани во Чаир, а Движењето „БЕСА“ во Куманово.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа