Лазов: Проектите од нашата програма ќе решат многу проблеми на жителите на Росоман

 

Она што е одлика на сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е трудољубивоста истрајноста и исполнителноста да се реализира се, од она што ќе се вети во нашите програми за наредниот четири годишен мандат, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Росоман од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Лазов.

Тој денеска презентираше дел од проектите кои се предвидени во неговата предизборна програма.

 

-Нова училница и нова енергетска фасада на ООУ „Пере Тошев“ во Росоман. Изградба на музеј на виното и библиотека во Росоман. Средствата се веќе обезбедени и ова ќе биде прв музеј на виното во регионот. Асфалтирање на локалниот пат Манастирец-Трстеник. Прва фаза е во тек односно веќе се пробива и се гради овој пат, а ќе го скрати патувањето на жителите на с. Трстеник до Кавадарци за 5-7 км. Исто така ќе овозможи да се реновира и постоечкиот мост, бидејќи без пристап до Трстеник не може да се реновира мостот. Асфалтирање и реконструкција на преостанатите улици во цела општина Росоман или во должина од 5 километри, најави Лазов.

Посочи дека предвидена е изградба на тротоари во целата општина, додавајќи дека тоа ќе се направи секаде каде што дозволува ширината на улицата.

-Уредување на централното подрачје во Росоман (средсело) и Сирково. Во Росоман ќе се уредат централното подрачје викано средсело со убав и модерен изглед,кое ќе се осветли, исто така и во с. Сирково. Поправки на полски патишта во повеќе атари. Ќе се продолжи со поправки на полските патишта со тампонирање и одводнување на водите кои се јавуваат по нив. Доградба и проширување на детската градинка. Во новиот мандат ќе се догради нов  дел  за прифаќање на сите дечиња кои чекаат за престој. Каптажа и нов цевковод во Сирково. Бидејќи овој извор е многу одамна направен и има загуби во вода ќе се изгради нова каптажа како и нов цевковод до резервоарот за подобро снабдување со вода, истакна Лазов.

Најави изградба на дел од атмосферската канализација.

-Изградба на соблекувална на ФК. Трстеник и ФК Манастирец. Изградба на дом на културата во Росоман. Изградба на простор за целодневен престој на пензионери. За пензионерите ќе се опреми просторија за целодневно дружење. Донесување на урбанистички план за Росоман. Најважниот документ за доуредување на Росоман е изработката  на нов урбанистички план за Росоман со што ќе се олесни добивањето дозволи за градби. Реконструкција на уличното осветлување во сите населени места. Во целата општина ќе се сменат уличните светилки со нови исти или слични како на главната улица, нагласи Лазов.

Според него, проектите од програмата ќе решат многу проблеми на жителите во таа општина.

-Тоа се реално остварливи проекти кои ќе го променат ликот на нашите села но и на целата општина Росоман. Вие гласајќи за реден број 13 односно за мене како ваш градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и за листата на советници ќе помогнете да се реализираат овие проекти кои ќе служат за сите вас. Затоа нашето мото е: Секогаш работа. Секогаш Росоман. Секогаш Македонија, рече Лазов.

 

 

 

 

09.10.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега