Коневски: Поддржете ги кандидатите за советници и Коце Трајановски за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром

 

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска апелираше до граѓаните на претстојните локални избори да гласаат за советниците на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје и општина Аеродром, за да можат заедно со кандидатот Коце Трајановски да ги реализираат сите проекти кои се предвидени во нивните програми.

-Би сакал да се заблагодарам на градоначаланикот на Град Скопје за досегашната прекрасна соработка која што ја имавме изминатите 8 години. Јас искрено се надевам дека таа соработка ќе продолжи, дека сите проекти кои што ги имаме во програмата за локалните избори ќе ги реализираме во целост во интерес на граѓаните. Би апелирал од страна на граѓаните да ги поддржат кандидатите за советници на нашата политичка партија, кандидатите за советници на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и на општина Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Коневски.

Посочи дека тоа е со цел да се реализираат сите проекти кои ги ветуваат со Трајановски и на тој начин, како што рече, да ги подобрат условите на граѓаните на општина Аеродром.

 

 

 

09.10.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега