Захариев: Мојот против кандидат со неговата идеологија ме потсетува на едно минато време каде луѓето ги селектира по граѓани од прв и втор ред
Мојот политички конкурент во немањето идеи и во услови на безидејност, тој е млад и се уште не оженет, а нормално првото вработување му беше пратеник кое му беше во Собранието сега сака да биде градоначалник, но не толку тој од колку што го турка некој околу него, се дрзна да каже дека во Штип место за градоначалници имаат само луѓето кои се родени во Штип, но јас не мислам така, вели кандидатот за градоначалник за Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев во дебатната емисија на телевизија Алфа.
-Нивната парола е живот за сите, значи тој веќе ја покоси сопствената парола и тој вели дека живот нема да има за оние кои се дојдени во овој град, а со една ваква политичка идеологија тој не е само кандидат за градоначалник, тој истовремено е и пратеник и потпретседател на СДСМ и неговата партија ќе треба да се позанимава со неговата опасна идеја бидејќи со тоа ги повреди чувствата на над 30 илјади граѓани на Штип кој не се родени или се од страна, ние имаме само 6 илјади граѓани кои доаѓаат од егејскиот дел на Македонија и цела источна Македонија доаѓа во нашиот град и секој на тоа треба да се радува, потенцираше Захариев.
Тој додава дека според оваа негова изјава претседателот на Владата Зоран Заев не може да биде претседател бидејќи доаѓа од селото Муртино истовремено тој рече и дека претседателот Киро Глигоров не можеше да биде претседател на Македонија бидејќи потекнува од штипско село. Тој исто така не знае дека градоначалникот на Лондон е Индиец, градоначалникот на Њујорк пак е од Италија.
-Мојот политички конкурент со ваквата идеологија ме потсетува на едно минато време каде луѓето ги селектира од прва и втора категорија како граѓани од прв и втор ред. Јас со оваа негова изјава сфатив дека штипјани се многу повредени од неговата изјава и дека сега сфаќаат дека си имаат работа со дете кое можеби се уште треба да дозрее, вели Захариев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа