Граѓаните на Охрид едногласни: Мудро е да се продолжи традицијата лекари да бидат на чело на општината
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ угледниот доктор Митко Тилевски на својот Фејзбук профил објави видео од пензионерот Драги Поп Стефанија во кое тој зборува за кандидатот како најдобра опција на претстојните локални избори на 15 октомври.
-Митко Тилевски го познавам од дете, го познавам и неговиот татко кој беше педијатар, но и неговиот дедо кој што беше мајстор за изработка на воденичарски камења за старите воденици. Тој како педијатар постојано беше во контакт со децата и им помагаше на различни начини, Тилевски го познавам како многу добар организатор и сметам дека е мудро да се продолжи традицијата со лекари да бидат на чело со општината. Тие се хумани и можат да им помогнат на младите и старите, а посебно на младите бидејќи Митко е во средните години и може да укаже голема помош на младите кои што бараат работа и да останат овде во Охрид.
Тој додава дека поради сето ова тој предлага Митко Тилевски да биде градоначалник на Охрид. Тој ќе гласа за него, но и ги замолува другите истото да го направат за Тилевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа