Мисајловски: Сите депонии во Ѓорче Петров ќе ги претвориме во зелени површини
Во мојата програма има многу проекти, но еден важен сегмент ќе биде животната средина, здравјето и пред се, чисто и зелено Ѓорче, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Сакаме Ѓорче да нема никаде отпад и сите депонии да ги претвориме во зелени површини. Нови 10.000 садници во Ѓорче Петров, но исто така и нови рекреативни содржини, особено покрај реката Лепенец. Туку планираме нови содржини да изградиме. Да го урбанизираме тоа место и секој граѓанин да може да дојде, да се рекреира и да направиме повеќе простор и повеќе катчиња за сите граѓани. Да се ужива на овие места, посочи Мисајловски.
Потенцира дека многу ќе се осврнат во делот на екологијата и животната средина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа