Пенков: Ќе ставиме крај на рестрикциите на вода за пиење во Неготино
Ќе ставиме крај на рестрикциите на вода за пиење во Неготино, рече на денешната прес-конференција Златко Пенков, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Претставувајќи ја неговата изборна програма, се осврна на проектите за кои рече дека се во насока на решавање на најзначајните проблеми и потреби во Неготино. Нагласи дека основен приоритет е водоснабдувањето.
Најави дозавршување на проектите за комплетно решавање и подобрување наводоснабдувањето во Неготино преку реконструкција на воводоводната мрежа на пет улици во градот, доведување на дополнителни 30 литри во секунда вода во системот и изградба на филтер станица.
– Во наредниве четири години ќе се овозможи континуирана и непречена работа на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино со максимална поддршка од страна на локалната самоуправа. Ќе направиме набавка на возила и комунална опрема за потребите на „Комуналец“, се со цел да се обезбеди повисоко ниво на комунална услуга спрема граѓаните, нагласи тој.
Вети и модерен градски пазар. – Нудиме обемна програма, но таа е реална. Нудиме работа, нудиме резултати, како и можност заеднички да ја направиме општина Неготино едно од најпосакуваните места на живеење во Македонија, додаде Пенков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа