Петровска: Нови вредности во битолската локална самоуправа

 

Како нова локална самоуправа ќе направиме нови вредности, најави кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата, Наташа Петровска.

Tаа повика на масовно гласање во недела и поддршка за неа како кандидат за градоначалник, како и за кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата.

- Ќе ги уредиме улиците во Битола, велосипедски патеки ќе станат реалност, сакаме да има организиран сообраќај, да имаме уредени училишта, детски градинки и згрижени стари лица. Ќе ги реконструираме месните заедници, ќе имаме почиста Битола со почист воздух. Но, за да сето тоа го имаме, в недела на 15 октомври треба масовно да гласаме и сите да го заокружиме бројот 19 за нов градоначалник, за членовите на општинскиот Совет. В недела во 19 часот по затворањето на гласачките кутии најбројната бројка да биде бројот 19, кој донесува живот во Битола за сите, порача Петровска

 

 

 

13.10.2017 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега