Поддршка од сите етнички заедници за ВМРО-ДПМНЕ

 

Огромниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија знак за изборниот резултат во недела. Граѓани од сите етнички заедници со силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и новата ера, пишува НетПрес.

Новата ера која како што најавија од партијата носи подобро утро за сите, наиде на поддршка од сите етнички заедници. Македонија никогаш не била пообединета. Под знамето на ВМРО-ДПМНЕ и Mакедонци и Aлбанци и Tурци и Срби и Роми и Бошњаци со една единствена цел, победа на претстојните локални избори и враќање на Република Македонија на патот на просперитетот и економскиот развој.

 

Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ  на  своите листи има граѓани од сите етнички заедници, докажани во своите професии и почитувани во своите средини на живеење, исто како и листите, така и митингот на ВМРО-ДПМНЕ  е Македонија во мало, луѓе од сите краишта на државата, од сите етнички заедници и возрасни групи со масовнна и одлучна поддршка на политиките на „Новата ера“.

Граѓаните од сите етнички заедници обедините под знамето на ВМРО-ДПМНЕ бараат промени, бараат одговорност за неодговорната политика на СДСМ. Граѓаните сакаат просперитет и економски развој кој го препознаа во новиот концепт на ВМРО-ДПМНЕ, „Нова ера“.

 

 

 

13.10.2017 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега