Навреме почна гласањето во Битола и Ресен

 

На подрачјето на општина Битола, точно во 7 часот отворени се 170-те гласачки места на кои може да гласаат 83.616 граѓани евидентирани на единствениот избирачки список.

Претседателот на ОИК-Битола Зоран Насев потврди дека гласањето почна навреме и се одвива без пречки.

И Општинската изборна комисија во Ресен потврди дека почнаа локалните избори во таа општина.

Се гласа на 50 избирачки места, а право на глас имаат 17.113 граѓани евидентирани во единствениот избирачки список.

 

 

 

15.10.2017 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега