ДИК: СДСМ води во 43, ВМРО-ДПМНЕ во 14, а ДУИ во девет општини
Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 43 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 14 општини, а на ДУИ во девет.
Од обработените 42,18 проценти од гласовите или 1.468 од вкупно 3.480 избирачки места, СДСМ води во Битола со Наташа Петровска која има освоено 60,37 отсто во однос на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ со 35,08 отсто, во Богданци води Блаже Шапов од СДСМ со 65,83 отсто во однос на Никола Роглев - 32,66, а во Гевгелија, Сашо Поцков од СДСМ со 56,67 отсто е пред Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ со 39,76 проценти. И во Куманово води Максим Димитриевски од СДСМ со 56,72 во споредба со Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 34,54, а во Берово кандидатот на СДСМ Звонко Пекевски води со 65,55 во споредба со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Атанасов кој има 31,10 отсто. Во Арачиново води Миликие Фалими од СДСМ со 59,09 проценти,а втор е Исуф Беслиу од ДУИ со 19,89 проценти.
Во Велес засега во благо водство е кандидатот на СДСМ Аце Коцевски со 51,36 во однос на Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 43,52, а израмнето е во Ѓорче Петров меѓу Александар Наумовски од СДСМ и Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Гази Баба во благо водство е Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,03 во однос на Борис Ѓорѓиевски од СДСМ - 44,75, а во Штип води Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ со 56,55 проценти во однос на Благој Бочварски од СДСМ - 39.
Во Тетово, Теута Арифи води со 29,25 во споредба со Биљаљ Касами од БЕСА со 23,54.
Во Боговиње води Берзах Бејтулаху од ДУИ со 39,93 пред Минур Асани од БЕСА со 29,99, во Босилово кандидатот на СДСМ Зоран Зимбаков е во благо водство со 48,89 пред Љупчо Колев од ВМРО-ДПМНЕ со 47,59. Во Брвеница група избирачи водат со 38,03 пред Мирко Стефановски од СДСМ со 24,03, во Валандово води Перо Костадинов од СДСМ со 54, 36 пред Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ со 35,50.
Во Василево води Марјан Јанев од СДСМ со 51,85 пред Ванчо Стојанов - 45,76, во Виница води Мартин Павлов од ВМРО-ДПМНЕ со 52,07 пред Ивица Димитров од СДСМ 42,75, во Врапиште, Гајур Рушити од ДУИ со 38,76 е пред Исен Шабани од Алијанса на Албанците со 34,23.
Кандидатот на СДСМ за Градско, Роберт Пешовски со 51, 26 води пред Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ со 32,83, во Дебарца води Зоран Ногачески од СДСМ со 69,43 пред Игор Трајкоски со 27,39 отсто од гласовите и во Делчево, Горан Трајковски од СДСМ со 57,80 е пред Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ со 37 проценти. СДСМ со кандидатот за Демир Хисар, Мирче Стојановски води со 57,86 пред Љупчо Блажевски - 38,26, во Дојран води Анго Ангов од СДСМ со 60,20 пред Борче Стамов - 33, 81.
Во убедлива предност е и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Кривогаштани, Рубинчо Шефтеровски кој води со 62,74 пред Тони Заткоски од ВМРО-ДПМНЕ со 34,52, а во Крушево, кандидатот на СДСМ, Томе Христоски со 54 проценти е пред Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ со 41,56 отсто.
Во водство е СДСМ и во Македонска Каменица каде кандидатката за градоначалник Соња Стаменкова води со 52,09 отсто, а Дарко Митревски од ВМРО-ДПМНЕ има 44,95, во Македонски Брод каде Живко Силјаноски води со 46,88 пред Милосим Војнески од ВМРО-ДПМНЕ со 25 проценти и во Неготино каде Тони Делков со 52,17 е пред Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ со 45,05 отсто. Во благо водство е СДСМ и во Ново Село каде кандидатот за градоначалник Боро Стојчев има освоено 55,15 проценти пред Благој Велков со 40,93, во Охрид каде Јован Стојаноски со 49,84 проценти е пред Митко Талевски од ВМРО-ДПМНЕ со 43,99 и во Пробиштип каде Драган Анастасов со 50,61 води пред Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ со 44,64. Во водство е и кандидатката за градоначалник на СДСМ за Старо Нагоричане Жаклина Јовановска со 49,19 проценти пред Јелена Јакимовиќ од ВМРО-ДПМНЕ со 31,85. Во Струмица, кандидатот на СДСМ Коста Јаневски со 59,47 проценти води пред Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ со 38,08 проценти.
Во Липково, кандидатот од ДУИ, Еркан Арифи води со 56,68 пред Шабан Зендели од БЕСА со 26,61, во Лозово води Ацо Велковски од СДСМ со 62,24 пред Јордан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 24,74 и во Маврово - Ростуше води Медат Куртовски од СДСМ со 52,44 пред Алим Билали од ВМРО-ДПМНЕ со 22,29.
ВМРО-ДПМНЕ води во Новаци каде нивниот кандидат Лазар Котевски има 48,18 отсто пред Љубе Кузманоски од СДСМ со 36,37, во Петровец каде Борце Митевски со 63,04 отсто е пред Звонко Цветковски од СДСМ со 31,06 проценти, додека во Пехчево Игор Поповски има 48,14 отсто во однос на Драган Тренчовски од СДСМ кој има 47,33 отсто. Во благо водство е и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, Зоран Тасев со 48,27 отсто пред Сашо Велковски од СДСМ 46,87, додека во скопско Сопиште кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стевче Трповски води со 56,90 пред Далибор Богдановски од СДСМ со 39,57 проценти. Во Прилеп актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески со 51,77 отсто е во благо водство пред Илија Јовановски од СДСМ со 44,69 отсто.
Според обработените податоци, во Долнени води Пецо Вајгалески од ВМРО-ДПМНЕ со 58,29 пред Билал Каришик од СДСМ со 31,31, во Желино - Блерим Сејиди од БЕСА - 47,69 пред Фатмир Изаири од ДУИ - 41,12, во Зелениково - Борче Гиевски од СДСМ со 66,85 е пред Александар Маневски од ВМРО-ДПМНЕ со 26,85, во Јегуновце води Дарко Блажевски од СДСМ со 58,26 пред Тони Коцевски - 33, 91, во Кавадарци - Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ води со 51,87 пред Бетијанев Китев од СДСМ со 45,07, во Карбинци води Јордан Насев од СДСМ со 59,42 пред Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ - 30,43.
Во Кичево - Влатко Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 48,72 пред Фатмир Дехари од ДУИ- 44, 09, во Кратово - Љупчо Бојаџиев од СДСМ има 55,06, а Мите Андоновски - 39,24, во Крива Паланка - Борјанчо Мицевски од СДСМ со 57, 23-води пред Арсенчо Алесковски - 39,73.
Во Студеничани води ДУИ со нивниот кандидат Феми Јунузи кој има 31,21 проценти во однос на Реџеп Мемеди од БЕСА - 28,87, а во скопската општина Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 58,88 проценти пред Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ со 22,43 проценти.
Во Могила кандидатот од група избирачи Стево Пивковски со 38,07 проценти води пред Јасмина Гулевска од СДСМ со 35,30 проценти, а во Ранковце, Ивица Тошевски од група избирачи води со 57,52 проценти пред Роберт Симоновски од ВМРО-ДПМНЕ со 38,93 проценти.
За другите општини засега нема објавени податоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа