Албанскиот премиер успеа да собере пари за да ги плати казните на Џака и Шаќири (фото)
Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави дека се собрани потребните средства за да се плати казната, одредена од ФИФА, за фудбалерите на швајцарската репрезентација, Џердан Шаќири и Гранит Џака.
Рама напиша дека ветувањето е исполнето.
- Исполнето е. Ви благодарам на сите, наведе Рама.
Сепак Рама не наведува колкава сума на пари се собрани од донации.
Веднаш откако ФИФА ја објави паричната казна од по 10.000 франци за репрезентативците на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шаќири, по потекло се од Косово, кои по постигнатите голови против Србија славеа со создавање на двоглавиот орел со рацете, албанскиот премиер Рама отвори специјални жиро-сметки на кои секој можеше да уплаќа донации со кои би се платила казната.
Поради тоа тогаш Рама покрена акција за собирање на донациите за Џака и Шаќири под слоганот „Не плашете се од орелот“, а средства можеа да се уплаќаат во албански леки и евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа