Прв пат пред камерите: Силна прегратка на татко и син- Стефан и Новак ги разнежнија сите (видео)
Еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ во четврти пат во кариерата ја освои титулата на Вимблдон.
Големиот успех Новак го прослави со најблиските. За прв пат, синот Стефан го гледаше татко му како крева шампионски трофеј.
-Чувството е неверојатно, затоа што прв пат во животот тука е некој кој вика тато, тато… Тоа мало момче. Те сакам најмногу сите, кажа гордиот Ноле по крајот на мечот.
Посебно емотивна беше нивната средба по свечената церемонија. Моментот кога Стефан дојде да го гушне не остави никого рамнодушен.
16.07.2018 - 20:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа