ВЛЕН: М-НАВ е најјасниот пример за тоа како ДУИ ги заштитила Албанците
Според нив, повиците за „деалбанизација“ и „етничко чистење“ се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата.
„Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалик за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на власта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата.
М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата.
Еве како ДУИ ги 'заштитила' Албанците, сместувајќи ги своите:
· Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководителка на Архивот
· Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководителка на набавките
· Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Халими
· Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани
· Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи
· Арбин Весели – внук на Беким Незири
· Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили
· Самир Буши – син на Назиф Буши“, појаснуваат од коалицијата.
Прашуваат дали тоа е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ.
„Создадоа 'фамилијарни претпријатија' со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана“, подвлекуваат од ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа