,, Алкохолинда ” – странските медиуми се шегуваат со хрватската Претседателка

 

Дел од странските медиуми ја измеваат хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за нејзиното однесување на Мундијалот во Русија.

Германскиот таблоид „Билд“ напиша дека таа е претседателка што сака бакнежи, а австрискиот весник „Курир“ објави напис со наслов „Алкохолинда: Хрватската претседателка критикувана од страна на медиумите“.

„Курир“ пишува дека многумина се сомневаат во искреноста на емоциите на Грабар Китаровиќ и дека тие не биле во согласност со политичката позиција што је претставува. Весникот наведува и дека српските таблоиди почнале да ја нарекуваат Алкохолинда поради теоријата дека претседателката испила некоја чашка повеќе поради што, како што се сметаат, разбирливо станува и нејзиното однесување во текот на финалниот натпревар по кој таа го прегрна и бакна секој што ѝ се приближи на пиедесталот. Весникот објави повеќе фотографии на кои се гледа дека таа и францускиот претседател, Емануел Макрон се во еуфорија.

Но, претседателката секако привлече големо внимание на овој спортски настан. Таа во медиумите беше спомнувана повеќе и од Лука Модриќ, кој е прогласен за најдобар играч. Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја украде славата на фудбалерите, беше наведено во други медиуми. Ја нарекоа и 12 играч на Мундијалот. Хрватите пак одговорија дека имаат прекрасна претседателка.

 

 

 

17.07.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега