Калиниќ одби да го земе медалот: Ви благодарам но јас не играв во Русија

 

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата.

Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0).

- Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи.

Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра.

Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“

 

 

 

20.07.2018 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега