Беше толку очигледно: Откриена причината зошто Роналдо премина во Јувентус

 

Претседателот на шанската Ла Лига, Хевијер Тебас тврди ека Кристијано Роналдо не ги навел вистинските причини за премин од Реал во Јувентус кога рекол дека му е потребен нов предизвик во кариерата.

Роналдо пред неколку дена премина од Реал во Јувентус со трансфер вреден 112 милиони евра и тоа дефинитивно го здрма фудбалскиот свет.

-Повеќе пари ќе заработи таму. Нему му одговара повеќе да биде во Италија што се однесува до парите. Меѓу сите големи лиги, Шпанија има најлоша ситуација што се однесува до порезот. Не дека во другите земји е понизок, но кога заработувате толку пари како него, тогаш тие мали разлики во процентите се големи разлики во парите на играчите - рекол претседателот Тебас.

Најдобриот фудбалер во светот своевремено имаше проблеми со обвиненијата за затајување данок. После финалето на Лигата на шампиони, Португалецот бил незадоволен со понудата на Реал од кој очекувал далеку повеќе пари со новиот договор.

 

 

 

20.07.2018 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега