Договорот за 100 милиони евра од ЕИБ ќе се потпише во вторник

 

Договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан во вторник меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.

Фирмите веќе од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ.

Пласманот на 100-те милиони евра од страна на МБПР ќе се врши преку домашните комерцијални банки.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, истакна дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз.

Предвидено е и откако претпријатијата ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството. Ова ќе придонесе за повеќекратна полза на малите и средни претпријатија од овие 100 милиони евра. 

 

 

 

09.09.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега