Објавена листата: Ова се најголемите должници во Македонија
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници, на која се наоѓаат 2.069 фирми и 1.812 физички лица, чии долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини се заклучно со 31.05.2018, а кои не се платени до 31.08.2018 година.
Прв на листата и најголем должник е „Отекс“ од Охрид со долг од речиси 14 милиони евра.
Но на листата има и голем број јавни претпријатија како Македонската Радиотелевизија, „Македонија Пат“,
со 336.7 милиони денари, ЈП за стопанисување со спортски објекти Скопје, Чистота и зеленило од Куманово, „Комуналец“ од Гостивар, „Билјанини извори“ од Охрид, Водовод од Богданци, „Водостопанство на Македонија“, „Македонски шуми“…
Меѓу должниците се и компанијата Трансмет, но и ФК Вардар.
11.09.2018 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа