Регулаторна со нова одлука: Промена на цената на бензините

 

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ја одреди новата малопродажна цена на нафтените деривати.

Според движењето на цената на суровата нафта на светските берзи можеме да очекуваме мало покачување на цените во малопродажба, кое не би требало да надмине 1 денар по литар.
Во моментов барел нафта чини околу 78 долари, цена која што горе долу се држи на светските берзи со исклучок на петочното тргување кога се доближи до границата од 80 долари.

Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар бензин се точи за 74 односно за 72 денари, а дизелот чини 64,5 денари за еден литар.

 

 

 

16.09.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега